Осум преостанати екипи во Конференциската лига ги добија четвртфиналните противници во обид да ја наследат Рома, која е бранител на трофејот. Фиорентина ќе има улога на фаворит во четвртфиналето со Лех Познањ. Сличен е статусот на Вест Хем, кој прво ќе му гостува на Гент, а потоа ќе го пречека во Лондон.

Тимот кој изненадувачки го елиминира Лацио, АЗ Алкмар го доби Андерлехт, а за првото европско четврт-финале на Ница по повеќе од 60 години, противник ќе биде Базел. Првите дуели се на 13 април, реванш натпреварите една недела подоцна. Финалето за пехарот ќе се игра во Прага на 7 јуни

 

ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ

Лех Познањ – Фиорентина

Гент – Вест Хем

АЗ Алкмар – Андерлехт

Базел – Ница

ПОЛУФИНАЛЕ

Лех/Фиорентина – Базел/Ница

Гент/Вест Хем – АЗ Алкмар/Андерлехт