Дербито меѓу Барселона и Наполи заврши нерешено (1-1) во нокаут-фазата од Лига Европа, а најдобро ќе го памети македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој го испрати по „бурек“ Жорди Алба по што му асистираше на Пјотр Зиелински, меѓутоа мечот е во центар на внимание и поради јунакот, но и трагичар во исто време на каталонскиот гигант, Феран Торес.

Торес постигна гол за Барселона, меѓутоа на крајот стана трагичар поради неколку промашени шанси, кои требаше да ги искористи и да му обезбеди триумф на тимот на тренерот Чави Ернандез, сепак со него е поврзана и една бизарна ситуација.

Талентираниот фудбалер на теренот се појави во дрес на која го немаше дресот на Барселона, но и спонзорот, а сите останаа зачудени поради тоа. Меѓутоа, шпански „АС“ објави логично објаснување и го потврди каталонскиот аматеризам.

На дресот ги немало грбот на Барселона и спонзорот затоа што ненамерно заборавиле да ги испечатат, а тоа не го забележал ниту Торес, ниту останатите членови на каталонскиот тим, па така успеаа да станат главна тема. Сепак на полувремето дресот му беше заменет со друг на кој стоеше грбот на Барса и логото на Најк.

https://twitter.com/brfootball/status/1494392545060794378?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1494392545060794378%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Ffudbal%2Fuefa%2Fkatalonski-amaterizam-tores-igrashe-bez-grbot-na-barsa-zashto-zaboravile-da-go