„Црвените ѓаволи“ лесно и убедливо го победија Борнмут со 3-0 и сега дојдоа до 35 бода зацврстувајќи се како четврти на табелата само поради моменталната послаба гол-разлика во однос на Њукасл. Оваа одлична серија е најава за уште подобри денови на „Олд Трафорд“ во обидот Ерик Тен Хаг да го врати најтрофејниот клуб при самиот врв на табелата, особено после лошиот период на почетокот на сезоната.
Касемиро во 23-та минута ја најави победата на асистенција на Кристијан Ериксен, а Лук Шо во 49-та ја дуплираше предноста по асистенција на Гриначо и кога беше јасно дека Манчестер јунајтед ќе победи, Маркус Рашфорд со нов гол по додавање на Бруно Фернандеш стави печат на триумфот.
За Борнмут ова беше петти пораз во последните шест меча, а десетти сезонава и остана на 15-то место со 16 бода, само два над опасната зона како 15-то пласиран.