Иако сите со нетрпение го очекуваа дербито во Јужна Америка помеѓу Бразил и Аргентина истото беше прекинато и не го доживеа својот крај. Останатите средби регуларно се одиграа а највозбудливо беше на „Естадио Сентенарио“ во Монтевидео. Домаќинот Уругвај во натпревар со шест гола ја победи Боливија со 4:2, па по четири натпревари запиша триумф во квалификациите за Светското првенство.
Уругвајците уште во првото полувреме поведоа со 2-0, откако Де Араскаета во 15. минута и Феде Валверде од слободен удар во 31. минута погодија за својата селекција. Во продолжението Алварез реализира и за 3-0, пред искусниот Морено да намали. Де Араскаета во 67. минута од белата точка пак ја врати предноста на три гола, а во завршницата Морено исто така од пенал ги постави конечните 4-2.
Репрезентациите на Парагвај и Колумбија одиграа нерешени 1-1 (1-0) и го поделија пленот во шестото квалификациско коло. Антонио Санабрија погоди пред полувремето за водство на Парагвајците, додека во продолжението Квадрадо го реализираше пеналот за реми на овој дуел.
Без победник заврши и Еквадор:Чиле, откако на „Родриго Паз Делгадо“ одиграа без голови (0-0). Во изедначен натпревар, со можности на двете страни, на крајот немаше погодоци. Еквадор во последниот половина час играше со човек помалку, откако напаѓачот Сорноза заработи директен црвен картон.
Перу славеше на Венецуела минимално со 1:0. Кристијан Куева погоди за предност на домаќинот во 35. минута, а Ринкон три минути подоцна заработи втор жолт картон. Венецуела немаше сила да се врати со десетмина.