Во терминот од 20:45 oд нашата група Ј се одиграа и другите два натпревари.
Eрменците четири кола не знаеја за пораз, но налетаа на Германците вечерва и во Штутгарт загубија со убедливи 6:0.
Уште по првото полувреме беше решено прашањето околу победникот затоа што „панцерите“ поведоа со 4:0 со два гола на Гнабри и по еден на Ројс и Вернер. Во второто полувреме стрелаа Хофман и Адејеми.
Романците се загреаа за дуелот во Скопје против Македонија кој ќе се одигра во среда. Избраниците на Мирел Радои на Националниот стадион во Букурешт го совладаа Лихтенштајн. По првото полувреме Романците имаа предност од 2:0 со головите на Тоска и Манеа.
На останатите денешни натпревари Белгија ја совлада Чешка со 3:0 до головите на Лукаку, Азар и Саелемакерс.
Косовo и Грција одиграа нерешено 1:1.
Полска на гостувањето кај Сан Марино победи со високи 1:7.
Шпанија ја пречека Грузија дома и ја совлада со 4:0.
Единствениот наптревар кој заврши без голови го одиграа Швајцарија и европскиот шампион Италија.