„Росонерите“ по девет минути го преземаа водството на натпреварот, откако Велосо си постигна автогол, но сепак домаќинот реши да го возврати ударот и успеа преку Гунтер кој изедначи на 1-1.
Херој на гостите од Милано беше младиот и талентиран Тонали, кој во 81. минута со одличен удар погоди за конечни 2-1.
Милан е трет со 23 бода, еден помалку од Аталанта и три помалку од лидерот Наполи.