Пари Сен Жермен го доби дербито против Олимпик Марсеј на „Паркот на принцовите“ со 1-0. Човек на одлука беше бразилецот Нејмар, кој во 45.минута го постигна единствениот гол на овој дуел, на асистенција на Килијан Мбапе.
Во вториот дел, Олимпик Марсеј остана со фудбалер помалку откако Џиџо доби директен црвен картон поради груб старт над Нејмар.
Гостите не најдоа одговор за водството на ПСЖ, а „светците“ пропуштија уште неколку шанси и за поубедлив триумф.