Бразилецот е дел од „кралскиот клуб“ уште од 2007 година и досега има одиграно 540 натпревари во дресот на гигантот од шпанската престолнина. Тој е најтрофејниот фудбалер во историјата на Реал Мадрид, но сето ова не е доволно да му биде исполнета желбата, а тоа е да се пензионира во клубот за кој игра 15 години.
„Играм во клубот од соништата и немам намера да престанам со фудбал сѐ додека син ми не е доволно возрасен за да играме заедно. Сакам да продолжам да играм на врвно ниво. Нѐ очекуваат тешки натпревари, капитен сум на најдобрата екипа во светот. Не размислувам однапред, но знам дека на сѐ му доаѓа крајот. Сакам да продолжам во Реал, сакам да се пензионирам во Реал, но јас не сум тој кој одлучува“, вели 33-годишниот Марсело.