Голема трагедија ја потресе Македонија. По долга и тешка битка со карцином на белите дробови, денеска почина поранешниот фудбалер на Силекс, Металург, Беласица и тимот на Кожуф, Ѓорѓе Џонов.
Иако јавноста покрена цела кампања за собирање финансиски средства за лекување и помош на Џонов, кој мораше да замине на операција во Турција, ужасната болест, сепак, на крајот го зема данокот.
Страшната вест ја зави во црно целата спортска, но и пошироката јавност во Македонија.
Џонов е роден во Пирава, а имаше само 30 години. Неговата фудбалска кариера беше прекината пред неколку години поради опасната болест.