Фудбалерот на Манчестер Јунајтед и португалски репрезентативец Кристијано Роналдо би можел да ја продолжи кариерата во Атлетико Мадрид, пишува шпанскиот весник „Ас“.
Овој шпански весник тврди дека Роналдо решил да го напушти мадридскиот клуб откако разговарал со тренерот на Атлетико, Диего Симеоне.
Роналдо играше за Реал Мадрид во Шпанија, но тој не е тип на играч што Симеоне го бара. Сепак, „Ac“ истакнува дека ситуацијата е исклучително сериозна, бидејќи Роналдо инсистира да го напушти Манчестер Јунајтед.
Португалецот од лични причини не отпатува со тимот на „црвените ѓаволи“ на претсезонската турнеја низ Азија и Австралија. Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, тврди дека португалскиот репрезентативец ќе остане во клубот од Олд Трафорд, но шпанските медиуми истакнуваат дека мали се шансите Роналдо следната сезона да игра во англискиот клуб.
Тен Хаг бара максимален ангажман од сите негови играчи на теренот, а Роналдо никогаш не ја притиска последната линија на својот ривал.
На крајот шпанскиот весник посочува дека годините на Роналдо, огромната плата и тоа што полека не се вклопува во постулатите на модерниот фудбал се факторите кои го отежнуваат заминувањето од Манчестер.