Барселона продолжува со засилување на играчкиот кадар. Каталонците ќе го ангажираат актуелниот играч на Арсенал, Хектор Белерин, кој минатата сезона ја мина на позајмица во Бетис.
Тоа ќе биде големо враќање за десниот бек на „Камп Ноу“ по осум години поминати во „Ла Масија“ пред Арсен Венгер да го донесе во Арсенал во 2011 година.
Белерин по позајмицата во Вотфорд доби можност да заигра за првиот тим на „топчиите“, во меѓувреме стана репрезентативец на Шпанија, но тешката повреда го оддели од терените цела година.
После тоа, тој не успеа да ги повтори игрите, иако на моменти за време на позајмицата во Бетис изгледаше дека може да се врати на вистинскиот пат.
Тој се врати во Арсенал каде не го чекаше место во стартните единаесетмина, што Барселона сака да го искористи да ја засили конкуренцијата на десен бек. И тоа ќе бидее потполно бесплатно затоа што Арсенал наводно би го пуштил да си замине една година пред крајот на договорот.