Атлетико Мадрид ја оствари седмата победа во Ла Лига оваа сезона славејќи минимално на гости против Мајорка со 0-1. Сега тимот на Диего Симеоне има 26 бода и се наоѓа на третата позиција, со седум бода заостанување во однос на лидерот Барселона.
Хулијан Алварез го постигна победничкиот гол за Атлетико Мадрид во 61.минута. Аргентинецот реализираше на асистенција на неговиот
сонародник Џулијано Симеоне.
Јан Облак ја фати топката, веднаш расчисти и започна молскавична транзиција на гостинскиот тим на ненаместената одбрана на Мајорка. Аргентинецот Џулијано Симеоне, синот на тренерот Диего, прво се ослободи од Марфе, а потоа асистира до сонародникот Хулијан Алварез, кој рутински од десет метри биеше во празна мрежа, за победа на Атлетико од 0-1.