Екипата на Севиља победнички се враќа од гости кај Хетафе откако славеше минимално со 1-0, а стрелец на голот беше Серхио Рамос.
Легендарниот дефанзивец постигна гол уште во петтата минута од натпреварот.
Дуелот на „Колосеум“ го реши ветеранот и капитен на Рамос кој го даде единствениот погодок на мечот.
По еден корнер од десната страна, топката падна пред втората статива, а таму на неа налета Рамос и ја смести во мрежата за 0-1. До полувремето шпанскиот дефанзивец успеа и вторпат да погоди, меѓутоа голот беше поништен поради офсајд.
Во преостанатиот дел од натпреварот Рамос беше брилијантен во одбраната и заедно со своите соиграчи не дозволи Хетафе да се врати од негативата.