Фудбалерите на Црвена звезда треба да играат против Глазгов Ренџерс во осминафиналето на Европската лига (10 и 17 март), но прашање е дали српскиот шампион ќе добие дозвола од УЕФА. Проблемот е во нивниот спонзор, руски Газпром .
Рускиот енергетски гигант Газпром страда поради економските санкции што Европската унија и САД ги воведоа кон Русија. А Гаспром беше еден од најголемите спонзори во светот на спортот, особено фудбалот.

Сепак, поради руската агресија против Украина, УЕФА го раскина договорот според кој Гаспром е еден од главните спонзори на сите натпреварувања под нејзина организација, особено на Лигата на шампионите. Спонзорскиот договор за Лигата на шампионите е на сила од 2012 година и наводно вреди околу 40 милиони евра по сезона.

„УЕФА одлучи да го прекине партнерството со Гаспром во сите натпреварувања. Одлуката стапува на сила веднаш и ги опфаќа сите постоечки договори, вклучително и Лигата на шампионите на УЕФА, националните тимови на УЕФА и УЕФА ЕУРО 2024 година“, соопшти врвот на европскиот фудбал.

https://twitter.com/UEFA/status/1498354465845522433?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1498354465845522433%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.tportal.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fcrvena-zvezda-bi-mogla-biti-izbacena-iz-europske-lige-uefa-za-sada-suti-a-iz-beograda-stizu-bahate-izjave-20220301

И сите клубови од земјите од Европската унија спонзорирани од Гаспром ги раскинаа договорите и ги тргнаа своите реклами од дресовите.

Но, некои клубови надвор од Европската унија – како што е белградска Црвена звезда – сè уште имаат реклама на Газпром на своите дресови. Дали поради тоа српскиот шампион ќе има проблеми? Може ли УЕФА да побара од „црвено-белите“ да го тргнат Гаспром од дресовите во европските натпреварувања? Што ако челниците на Звезда одбијат,дали УЕФА ќе ги избрка од Европа?

Генералниот директор на Црвена звезда, Звездан Терзиќ, за српските медиуми откри дека клубот не добил никакво писмо за да се отстрани од дресовите името на главниот спонзор, руски Газпром.

„Не добивме барање за отстранување на логото на Газпром. Искрено се надевам дека тоа нема да се случи. Газпром е во Црвена Звезда од 2010 година“, изјави Терзиќ, чиј клуб добива околу 4,5 милиони евра годишно од руската компанија за рекламирање на дресот.

И тогаш Терзиќ почна да ги критикува одлуките на УЕФА и ФИФА, кои ги суспендираа руските клубови и репрезентацијата од сите натпреварувања.

„Не го одобруваме тоа што го направија ФИФА и УЕФА, нема основа во меѓународното право. Револтирани сме, се носат некои политички одлуки кои се однесуваат на Европската Унија. Повеќето членки на УЕФА не се членки на ЕУ. Мислам дека владее антируска хистерија низ цела Европа. УЕФА беше под огромен притисок од своите членки, како што тие повторно беа под притисок од нивните влади. Така беше и со Полска и Шведска. Политиката се меша во спортот без секаква причина“, изјави Терзиќ, кој е свесен дека поради таквите ставови и тој и Црвена звезда може да имаат проблеми:

‘Не ми е грижа! Не се согласувам со она што го направија УЕФА и ФИФА. Врз основа на што? Врз основа на насловите на медиумите! Почекајте малку! Тоа не е направено така. Има некоја процедура. Не вака. Затоа што една влада врши притисок врз својот Сојуз. Сè е болно, се што гледаме. Никој не ја одобрува војната, но …“

И што сега? Ја чекаме реакцијата на УЕФА, а Црвена звезда многу лесно може да се најде пред незгоден избор – Газпром на дрес или Лига на Европа .