Поради руската воена агресија врз Украина, спортските натпревари во таа земја се прекинати, а Фудбалскиот сојуз на Романија (ФРФ) сугерираше дека Украинското фудбалско првенство би можело да заврши во нивната земја.
Клучниот човек во лобирањето за оваа идеја е Мирчеа Луческу, легендарниот романски тренер и икона на Шахтјор Доњецк.
Луческу, актуелниот тренер на Динамо Киев, предложи неговата родна земја да биде домаќин на украинските прволигаши.
Тој тврди дека Романија ги има сите услови и одлична инфраструктура да ја реализира оваа идеја, а со тоа се согласиле и сите претставници на ФРФ.