Марио Балотели вели дека нема потреба да им завидува на Роналдо или Меси, бидејќи е на нивно ниво. Сепак, како што додава поради „лудата глава“ не успеа да биде ѕвезда како нив двајца.
-Сигурен сум дека мојот квалитет е на исто ниво со нивниот, но…Јас ги пропуштив моите шанси. Се случува. Денес не можам да кажам дека сум добар како Роналдо, бидејќи тој има освоено пет Златни топки. Не можам да се споредувам со Меси и Роналдо. Никој не може. Но ако зборуваме само за фудбалскиот квалитет, искрено мислам дека нема нешто на што треба да им завидувам“, заклучил Балотели.
Балотели играше за Интер, Манчестер сити, Ливерпул, Милан, Ница, Марсеј, Бреша од минатата година го носи дресот на Демирспор во Турција. Секаде каде што играл оставил трага поради неговиот темперамент и недисциплина.