Лука Дончиќ постигна 13 од своите 25 поени во последните пет минути и ги предводеше Далас Маверикс до победата од 105:99 на гостувањето кај ЛА Лејкерс. Во тие 25 поени имаше и феноменално забивање од првата четвртина, кога го прескокна Двајт Хауард, некогаш најдобриот одбранбен центар во НБА лигата.

А по тој повод НБА на социјалните мрежи објави компилација од неговите најатрактивни забивања од кариерата во најсилната лига на светот. За разлика од ова, кога во најдобро светло ја покажа својата експлозивност, останатите беа главно забивања по дриблинг и пробив. Проценете дали некои биле поатрактивни од тоа минатата ноќ.