Бетис стигна до шестата победа во Ла Лига, откако беше подобар од Алмерија со 3-1.

Карвалјо го отвори резултатот во првото полувреме и погоди за 1-0, а тоа беше единствен погодок во првиот дел, по што уште три гола паднаа во вторите 45 минути.

Туре ја врати Алмерија во игра во 52. минута (1-1), но Бетис во период од 66 до 71. минута со погодоците на Иглесиас и Карвалјо ја потврди победата.

Бетис има 19 бода и се наоѓа на четвртата позиција во Ла Лига, додека пред него се Атлетико Мадрид, Барселона и Реал Мадрид.