Фудбалерите на Наполи го победија Лестер (3-2), со двата гола на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас
По триумфот, во изјавата тренерот Лучијано Спалети имаше само пофални зборови за македонскиот „дијамант“.
„Елиф е неверојатно момче, разновиден играч кој знае да се адаптира на многу позиции. Досега му оди одлично. Тој играше повеќе од сите, ако се земат в предвид и минутите во националниот тим. Сепак, кога и да излезе на теренот, секогаш покажува карактер. На која позиција и да го ставам, тој секогаш има запазени партии“, изјави Спалети.
Македонскиот репрезентативец со четири погодоци е најдобар стрелец на Наполи оваа сезона во Лигата на Европа.