“Елмас Шоу” – вака угледниот Кориере Дело Спорт ја започнува статијата која се однесува на синоќешниот натпревар кој Наполи го доби Лестер благодарение на фантастичниот Елиф Елмас.

Елмас синоќа постигна два гола имаше највисока оценка од сите играчи на теренот и доби пофалби од сите, а најмогу од тренерот на Наполи Лучиано Спалети.

Спалети откри интересен детал од текот на натпреварот а тоа е во моментот кога резултатот беше изедначен му рекол на Елиф дека ако даде втор гол ќе се фрли на дождливиот терен.

Елмас даде втор победнички гол, а Спалети не се двоумеше и лудо прослави.

https://twitter.com/NoContextNapoli/status/1469052400275279879?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1469052400275279879%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Ffudbal%2Fligi%2Felif-e-sjajno-momche-mu-rekov-ako-dadesh-vtor-gol-kje-se-frlam-na-terenot