Душко Трајчевски беше стрелец на петтиот гол за Докса во Купот на Кипар, за неговата екипа да го демолира Етникос Ахна со 5-1.
Трајчевски беше стартер, стрелаше во 62-та за убедлива победа на Докса, која обезбеди четвртфинале.
Голманот Дамјан Шишковски на овој меч беше резерва.
АЕЛ Лимасол кој го предводи Чедомир Јаневски, и за кој игра Давор Здравковски исто така обезбеди четвртфинале после триумф на пенали против Аполон, додека АЕК Ларнака на Иван Тричковски испадна после убедливиот пораз со 0-4 од Неа Саламис.