Иран две третини беше во предност до највисоки плус три , но во завршницата Чиле успеа да се врати (17-17), па и да поведе (18-17) и потоа со серија од 3-0 беше блиску до победа. Но ракометарите на Иран не се предавааа, па за почна пресвртот.
Иранците одговорија со 4-0 и скоро загубената позиција ја претвори во добитна комбинација од 24-23. Во последната минута Чилеанците успеаа да изедначат, но во финишот примија нов гол за конечен триумф на Иран.
Ораеи постигна седум гола за Иран, а Хеидапур нанижа пет, додека Фојтхман со шест беше најефикасен кај Чиле.
Словенија рутински ја оствари првата победа против Саудиска Арабија, победувајќи со 33-19. Овничек и Јанц дадоа по шест гола, а Јуре Доленец четири за лесен триумф на „змајчеките“.
Унгарија, без поголем проблем стигна до прва победа со 35-27 против Јужна Кореја. Унгарците ја завршија работата кога остварија двоцифрена предност (21-11). Мате Лекаи даде седум гола, а Родригес и Роста по пет за Унгарија.
Зеленортските острови со 33-25 славеа против Уругвај во резултатски неинтересен меч, во кој победникот беше јасен уште на полувреме. Фуртадо даде шест, а Семедо и Ландим по пет за триумфот на африканскиот тим.