Македонската ракометна репрезентација ќе игра за бронзениот медал на Медитеранските игри , откако попладнево, очекувано загуби од Египет (20-34), кој во Оран настапува во убедливо најсилниот состав како подготовка за претстојниот Африкански куп.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров се држеа до пред крај на првото полувреме, кога имаа шанса да намалат на само минус еден (9-11), по што следеше низа на противникот од пет гола за целосно одлепување пред одморот (16-10). Во продолжението веќе беше јасно кој ќе биде победникот, а крајната разлика воедно беше највисока за ривалот на мечот.
Македонија за третото место ќе настапи задутре и тоа со поразениот од второто полуфинале помеѓу Шпанија и Србија.