Веслачкиот клуб Црн Дрим-Струга за време на изминаттиот викенд (02 и 03.07.2022) учествуваше на силната меѓународна веслачка регата Војводина Опен на езерото Палич , со учество на екипи од : Србија , Унгарија , Хрватска , Бугарија и Македонија при што постигна задоволувачки резултати .
Имено во категоријата Скиф – под 13 години младата Стружанка Ана Прентоска го освои првото место , што претставува голем успех и поттик за понатамошната кариера .
Климентина Стојмиловска во категоријата скиф-кадетки се пласираше во финалето , каде го освои одличното 6-то место во конкуренција од десет натпреварувачки .
Елена Столеска во конкуренција скиф-јуниорки не успеа да се пласира во финалето , но достојно го презентираше македонското веслање .
Струшките веслачки ги предводеше тренерот на ВК Црн Дрим и селектор на македонската веслачка репрезентација , Марјан Влаќески .