Жолто-црвените беа далеку подобар ривал и тоа го покажаа на теренот, користејќи ја секоја можност да дојдат до поени на сервис на противникот. Во првите два сета бевме далеку подобри, додека во третиот дојде до мало опушање, но и измени во составот, поради што противникот, барем на моменти, делуваше порамноправен ривал. Но, на крајот дојде до израз желбата на македонските одбојкари во максимални три сета да ги решат сите дилеми, во што и успеаја.
Ова беше и сефте победа за нашиот нов селектор, Ратко Павличевиќ и тоа против неговиот претходник, Драган Николиќ, кој сега седи на клупата на Босанците. Во вториот меч од групата, Романија ја совлада Албанија со 3-1 во сетови. Токму Романците се нашиот следен ривал и тоа в сабота кога ќе им гостуваме (13 часот), а следната пресметка на домашен терен ќе ја имаме на 1 јуни против албанските одбојкари.