Младиот македонски тенисер Калин Ивановски го загуби маратонскиот меч во три сета со Жоао Фонсека и ги заврши настапите на јуниорскиот Ронал Гарос во Париз.
Ивановски стартуваше во грч и дозволи противникот да поведе со 2-5 во првиот сет, но успеа да се врати во ритам и да обезбеди тај-брејк, кој на крај го доби со 7-3 и поведе со 1-0. Со брејк на Фонсека започна и вториот сет, но нашиот тенисер возврати со ри-брејк и се водеше голема битка, сè до десеттиот гем, кога Ивановски одново загуби гем на свој сервис и му го отвори патот на противникот до израмнување.
По несреќно загубениот сет, Македонецот остана без сили во одлучувачките моменти и по два часа и петнаесет минути му подаде рака на противникот за победа (2-6).
За Ивановски ова беше деби настап на земјената подлога во Париз. Претходно беше дел од преостанатите три јуниорски Грен слем турнири. Најдобар резултат имаше лани, на Вимблдон, кога стигна од осминафиналето.