Познат е првиот четвртфиналист на Ролан Гарос во долниот дел од ждрепката. Станува збор за Норвежанецот Каспер Руд кој одигра одличен натпревар против Хуберт Хуркач .
Откако вчера ги дознавме четвртфиналните двојки во горниот дел од ждрепката, денеска ќе ги дознаеме во долниот дел. Прв меѓу осумте е светскиот рекет број осум Каспер Руд.
Руд играше против 13. играч на светот Хуберт Хуркач и забележа победа во четири сета во меч во кој беше подобар противник.
Во целиот натпревар Руд имаше само 19 неизнудени грешки додека Хуркач имаше 20 повеќе, Полјакот имаше само четири винери повеќе од Руд и тука беше разликата.
Хуркач лошо го отвори мечот и загуби три од своите четири сервис-гема во првиот сет, а во вториот брзо заостануваше со 3-0.
Откако прилично лесно ги доби првите два сета, Руд го загуби третиот, каде Хуркач го стабилизираше својот сервис, но не продолжи така.
Во четвртиот сет прв направи брејк, но потоа загуби четири гема во низа и забележа пораз во првиот дуел со Руд.
Ролан Гарос, осминафинале:
Каспер Руд (Норвешка, 8) – Хуберт Хуркач (Полска, 12) 6: 2, 6: 3, 3: 6, 6: 3