Шпанската фурија во финишот ја збриша Словенија со 31-26, поради одличната игра во одбрана во второто полувреме, во кое блескаше и голманот Перез Де Варгас.
На полувреме беше нерешено 15-15, но потоа Црвената фурија во некои периоди од вториот дел се одлепи, и заедно со Франција одат во четвртфинале од оваа група.
Одриозола со шест и Даниел Душебаев со пет гола беа предводници на Шпанците, додека Доленец со седум и Јанц со пет беа најефикасни кај Словенија.
Португалија со убедливо второ полувреме ги здроби Зеленортските острови и триумфира со 35-23, и остана во трка за место во четвртфиналето, па сега дојде до пет бода , пред вечерашната скандинавска пресметка на Шведска и Исланд. Швеѓаните се единствени максимални во оваа група со шест бода од три меча, а Исланд има четири.
Африканците им одолеваа на Португалците повеќе од полувреме, пред да избегаат на плус пет (19-14), а потоа да направат брутална серија од 11-1 за најубедливи 14 разлика (30-16)