Реал Мадрид ќе оди на дуел против Атлетико Мадрид, во мадридската пресметка во четвртфинале на Копа дел Реј, одлучи ждрепката. „Кралскиот клуб“ последен се пласира меѓу најдобрите осум со лудиот пресврт против Вилјареал.
Реал ќе биде домаќин на мадридското дерби со лутиот градски ривал предводен од Диего Симеоне, на „Сантјаго Бернабеу“ и ова дерби ќе ја одбележи оваа рунда, иако и пресметката на Валенсија со Атлетик Билбао треба да донес неизвесност.
Во другите два меча, Барселона ќе се судри со Реал Сосиедад, додека Осасуна ќе биде домаќин на Севилја.
Четвртфиналната рунда ќе се игра идната недела – од 24 до 26 јануари.