Пол Погба својата кариера како фудбалер ја почна во Манчестер јунајтед, па се пресели во Јувентус како слободен агент. По неколку блескави сезони во Торино, „црвените ѓаволи“ го вратија за 105 милиони евра на „Олд Трафорд“ за 6 години подоцна да си замине од овој клуб повторно како слободен агент и да потпише за торинскиот гигант.

Фудбалерот од средниот ред се договорил за тригодишен договор со „Старата дама“ вреден 7,5 милиони евра по сезона. Неговата плата може да достигне и до 10 милиони евра годишно, ако бидат исполнети одредени бонуси, како освојување на Серија А и Лигата на шампиони.

Погба имаше финансиски подобри понуди од Манчестер сити и ПСЖ, но очигледно преовлада неговата желба да се врати во Торино, каде реално го играше својот најдобар фудбал.