Првиот гренслем тениски турнир во Мелбурн, Австралија опен годинава се покажа како проклет за фаворитите, па после елиминациите на Надал, Зверев, Руд, Фриц, Беретини…, испадна уште еден кој конкурираше за трофеј – двојниот финалист Русинот, Данил Медведев.
Медведев денеска го загуби мечот без освоен сет, во три сета од Американецот Себастијан Корда, кој со страшен сервис-волеј го разби Русинот, победувајќи го со 7-6, 6-3, 7-6.
Русинот беше втор фаворит за трофејот, но синот на легендарниот чешки тенисер Петр Корда тотално го надигра, со најава дека ова е негов ден уште по водството со 4-1 во првиот сет, но Медведев успеа да се врати во сетот со многу брејкови, но на крај попушти во тај-брејкот и го загуби со 7-9.
Потоа Корда заигра уште подобро, па многу полесно со 6-3 го доби и вториот сет и направи чекор кон победата, за во завршниот сет, сценариото беше како во првиот. Корда поведе со 4-2, Медведев се врати и кога сите помислија дека ќе остане во игра, во тај-брејкот повторно Американецот беше подобар за конечен триумф.
Хуберт Хуркач ќе му биде противник на Корда за пласман во четвртфиналето, откако Хуркач претходно го елиминираше Денис Шаповалов.