Фиорентина обезбеди четвртфинале во италијанскиот Куп со минимална победа од 1:0 над Сампдорија. Во Фиренца „виолетовите“ со еден гол на Барак во 25. мин. успеаја да го скршат отпорот на гостите од Ѓенова, и се пласираа меѓу осум најуспешни во најмасовното натпреварување на Италија.
Фиорентина во четвртфинале ќе игра со екипата на Торино, кој вчера направи сензација елиминирајќи го шампионот Милан.