Во трилер реванш меч во битката за титулата во Унгарија, ПИК Сегед со 29:30 успеа да дојде до титулата по вторпат едноподруго во првенството на Унгарија. Успеа да го победи својот вечен ривал Веспрем и тоа во неговата сала и тоа со гол во последните секунди. Веспрем имаше 29:29, резултат кој му носеше титула, но тогаш гостите во последната секунда ја затресоа мрежата и успеаја да дојдат о пехарот за големо славје кај нив и голема тага во редовите на Веспрем.
Македонецот Манасков имаше солидна минутажа и успеа од три обиди да постигне два гола, токму кога беше најпотребно во последната фаза од средбата кога се “кршеше“ резултатот. Но ни тоа не беше доволно за севкупен триумф.
Да потсетиме, на првиот меч Веспрем како гостин победи кај Пик Сегед со 28:29. Но Пик Сегед поради еден гол повеќе постигнат како гостин стана шампион на Унгарија.