Шведскиот ракометар Џим Готфридсон е прогласен за најдобар играч на Европското првенство.
Предводникот на оваа скандинавска селекција која денес од 18 часот го игра финалето против Шпанија, досега постигна 33 гола и 47 асистенции.
Готфридсон беше МВП на првенството во 2018 година, кога Шведска стигна до среброто.
Тој е единствениот ракометар заедно со Иван Балиќ (2004, 2006) и Никола Карабатиќ (2008, 2014), кој двапати ја освојувал оваа награда.
Во идеалниот состав на ЕВРО се данските бекови Микел Хансен и Матијас Гидсел, исландскиот голман Виктор Халгримсон, левото крило на Црна Гора Милош Вујовиќ, средниот бек на Холандија Лук Стејнс, шпанското десно крило Алеис Гомеш и германскиот пивотмен Јоханес Гола.
Најдобар дефанзивец е соиграчот на Готфридсон, Оскар Бергендал.