Најдобриот стрелец во чешкото првенство се враќа во репрезентацијата по пауза од неколку години и ќе се обиде да им помогне на соиграчите.
„Мило ми е што се враќам во репрезентацијата по долга пауза, тука сум да помогнам со моето искуство и заедно со брат ми, горд сум што ќе ја делиме минутажата на таа позиција. Ќе дадам сè од себе, никогаш не сум одбил да дојдам на собир на националниот тим“, вели Костески.
Никола ќе ја дели минутажата на теренот со неговиот брат Ненад Костески, а интересно е тоа што ова е четвртата братска двојка во репрезентацијата во последнава деценија, по Лазарови, Мојсовски и Маркоски.
„Добив повик и ќе го дадам максимумот. Јас и мојот брат не сме конкуренција еден на друг. Ќе игра тој што ќе биде подготвен, ќе одговори на барањата. Тука сме да дадеме сè од себе за Македонија. Не ми е важно кој игра додека е за Македонија“, вели Никола.