Никола Јокиќ одигра уште еден одличен натпревар и му помогна на Денвер нагетс да ја прегази Оклахома сити тандер со 128-95.
Денвер ја најави победата уште во првата четвртина, која му припадна со 34-23, по што до полувреме предноста се зголеми на 69-51.
Екипата на Денвер доминираше и во второто полувреме, каде што Србинот доби помош и од Портер за триумф од 128-95.
https://twitter.com/i/status/1718737341215343024
Јокиќ го заврши натпреварот со 28 поени, 14 скокови и пет асистенции, додека Портер имаше 20 поени и девет скока. На спротивната страна најефикасен беше Холмгрен со 19 поени и четири скокови.