Титулата ја брани Милвоки, кој горе -долу го задржа истиот тим и оваа година ќе биде кандидат за трофејот, а најголема конкренција ќе му бидат Бруклин, ЛА Лејкерс и Денвер.
Но, сите три тима имаат свои проблеми. Бруклин ќе остане без Кајри Ирвинг, кој не сака да се вакцинира и доколку таа ситуација не се промени, нивните шанси за титулата драстично ќе се намалат.
Леброн Џејмс повторно се очекува да ја нападне титулата со Лејкерс. Расел Вестбрук ќе се обиде да му помогне на него и Ентони Дејвис во нападот на титулата оваа сезона, а резултатот на тимот ќе зависи од тоа како поранешниот МВП на лигата , Леброн Џејмс и трипл-дабл машинана , Расел Вестбрук ќе се снајдат во Лејкерс.
Заедно со Вестбрук, во Лејкерс пристигнаа ветераните Кармело Ентони, Ражон Рондо, Тревор Ариза и Двајт Хауард, искусните ДеАндре Џордан, Кент Бејзмор, Вејн Елингтон, но и младиот Кендрик Нун, а Лејкерси на прв поглед дејствуваат посилно од минатата сезона.
Што се однесува до Денвер,повторно се е во рацете на Никола Јокиќ, кој ќе мора да ја повтори минатогодишната МВП игра, но и да има поголема помош од соиграчите во споредба со минатата сезона.
Фаворити од сенка се Далас на погонот на Лука Дончиќ и Лос Анџелес Клиперс, кои ќе играат без Каваи Ленард во поголемиот дел од сезоната, па Пол Џорџ ќе мора да ги однесе во плејофот, а потоа се е можно.