Вечерва се играа половина од третото коло од фудбалската лига на шампиони.

Најинтересно се очекува да биде на дербито во Мадрид, каде Атлетико го пречекува Ливерпул.

„Не разбирам дека играат ваков фудбал со таков квалитет на фудбалери. Кога гледам играчи како Љоренте, Коке, Саул. Тие навистина можеа да играат напаѓачки фудбал, а стојат длабоко во својата половина од теренот и одат во контранапади. Не го разбирам тоа “, изјави Клоп.

Интер ја игра клучниот натпревар доколку сака да остане во игра за пласман во наредна фаза од натпреварувањето. Меѓутоа така не мисли тимот на нашиот Бобан Николов лидерот на табелата Шериф.

“Шериф не ги доби првите два натпревари случајно. “Тие се бранат цврсто, добро се организирани и имаат играчи кои се опасни во нападот. Мораме добро да го нападнеме ривалот. Ова е клуен натпревар во Лигата на шампионите “, рече Инзаги.

На останатите напревари играат:

Бешиктап – Спортинг,

Бриж-Манчестер Сити,

Ајакс-Борусија Дортмунд,

Порто-Милан,

ПСЖ-Лајпциг,

Шахтјор-Реал Мадрид