Еурофарм Пелистер го пречекува Француски Ним , вечерва од 20:45 во рамките на првото коло од групата Д од ракометната Лига на Европа . Тренерите Жељко Бабиќ и Франк Морис ги одредија 16 ракометари кои ќе истрчаат во салата во Битола .
Тренерот на Битолчани на располагање ги има сите играчи и ќе атакува на првите бодови , додека во тимот на Ним се наоѓаат неколку звучни имиња меѓу кои и легендата на францускиот ракомет Мишел Гигу , актуелниот репрезентативец на Франција Жан Жак Акевило , репрезентативниот лев бек на Египет Ахмед Хешам , како и норвешкиот репрезентативен пикер Хенрик Јакобсен . Мечот ќе го суди австриската судиска двојка Бојиќ – Хурик , а делегат е Ајберк Дилмен од Турција .