Актуелниот англиски шампион Манчестер сити ги потврди шпекулациите на медиумите од претходните неколку денови и објави дека Ерлинг Халанд ќе биде нивни фудбалер од ова лето.
Манчестер Сити ја плати клазулата во договорот на Халанд од 75 милиони евра, а Борусија ќе може да заработи уште десет милиони евра преку бонуси. Халанд во Сити ќе потпише договор на пет години со плата од 40 милиони евра по сезона.
Тука се провизиите – 30 милиони евра за таткото на Халанд и 50 милиони евра за агенцијата со која соработува неговиот син. Кога се ќе се собере на Халанд Сити ќе потроши околку 350 милиони евра.
Најголемиот дел секако оди на платата на Халанд со која Норвежанецот ќе биде најплатен во Премиер лигата, а сигурно дека ќе има и лични бонуси кои ќе бидат поврзани со голови, асистенции, трофеи…
https://twitter.com/ManCity/status/1524034164835639297?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1524034164835639297%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Ffudbal%2Fligi%2Foficijalno-manchester-siti-go-dogovori-transferot-na-halandОна што привлекува посебно внимание што со овој трансфер се надминува и сумата од милијарда евра платена за трансфери во Сити откако Гвардиола е менаџер на клубот. Повеќе од милијарда, а се уште без ЛШ…