Кире Лазаров денеска полни 42 години, а од сите страни пристигнуваат роденденски честитки за македонската ракометна легенда, која полека, но сигурно се ближи до крајот на својата блескава кариера.
Една од најоригиналните пристигна од ЕХФ, откако европската ракометна федерација преку профилите на социјалните мрежи објави видео-компилација од неколку фантастични голови на Лазаров од изминатите години.
„Денеска полни 42 години, посакуваме времето да не лета, за да можеме засекогаш да те гледаме на теренот. Среќен роденден, Киро… Ни снемуваат зборови за да го опишеме, отворени сме за идеи“, напиша ЕХФ под видеото со незаборавните погодоци на Лазаров.