Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп зборуваше за зголемувањето на бројот на случаи на коронавирус во клубовите од Премиер лигата.
Германецот во четвртокот вечерта не можеше да смета на Џонс, Фабињо и Ван Дајк, но победата над Њукасл (3:1) беше остварена.
„Ова е многу непријатна ситуација и никој не знае што ќе се случи утре. Ќе одиме во тренинг центарот додека не ни кажат поинаку, а ако ме прашате дали треба да се прекине лигата, не го знам одговорот на тоа. Ако не играме две недели, па да се вратиме, не знам што би правел тогаш“, изјави Клоп.
Невозможно е да се игра само со 13-14 играчи во толку густ распоред.
„Го видов тимот на Евертон против Челзи, а половина од играчите не ги познавав. Моментално имаме тројца заразени играчи, а ако има повеќе, тогаш не знам што да правам. Дали да чекаме да заврши годината и натпреварите на 26 и 28 декември со 13 играчи?„Има многу прашања кои треба да се одговорат, а јас искрено во моментов немам решение“, додаде менаџерот на „црвените“.
Следен ривал на Ливерпул ќе биде Тотенхем, доколку воопшто може да се игра натпреварот.