Селекторот на машката сениорска репрезентација, Кире Лазаров, го скрати списокот од 35 на 24 ракометари од кои ќе се бираат патниците на Европското првенство.

Подготовките на Македонија започнуваат в среда на 22 декември во Скопје со првиот собир, а нашата селекција ќе биде комплетна пред Нова Година.

На списокот нема поголеми изненадувања и главно тоа се ракометари кои и претходно беа во конкуренција за настап на големите натпреварувања.

Ќе бидат одиграни две пријателски средби против Кувајт, селекција што се подготвува за настап на Азискиот шампионат, како и уште две против Израел.

Македонија ќе игра на ЕП во групата А во Дебрецен, заедно со селекциите на Словенија, Данска и Црна Гора.