Редакцијата на Спортпрес разговараше со Ѓорѓија Стојанов, спортски директор на Џудо федерацијата на Македонија. Стојанов е долгогодишен државен првак и репрезентативец на Македонија. Од 2017 до 2019 година беше и селектор на репрезентацијата на Македонија за пионери и помлади пионери а од 2020 е на функцијата спортски директор на ЏФМ.
Како ја оценувате изминатата 2021 година кога станува збор за џудото во Македонија?
До месец мај оваа година поради поандемијата беа запрени сите активнисти на спортски план. После тоа успешно ги организиравме државните првенства во сите возрасни категории. Во однос на меѓународните натпревари, на европскиот кадетски куп во Букурешт, Романија учествуво земаа 4 репрезентативци, од кои еден од нив се пласираше на 14 место. Во истиот град се одржа и европски јуниорски куп каде што имавме наши претставници но без позначителен пласман. Во Пореч Хрватска земавме учество со 8 спортисти и 1 тренер на олимпискиот тренинг камп.
Има ли нешто за кое федерацијата жали, нешто што е зацртано, а не е исполнето во 2021 година?
Пандемијата не спречи сите активности непречено да ги спроведеме, па моравме да вложиме дополнителни напори за да биде реализирано она колку што имавме можност.
Кој е следниот приоритет на Џудо федерацијата? Кои се новитетите кои следат во 2022 година?
Приоритет се реализирање на планот и програмата на федерацијата. Важно е да учествуваме на балканските првенства и оваа година очекуваме македонските репрезентативци да постигнат позабележителни резултати. Исто максимално ќе се заложиме за отпочнување со реализација на проектот Џудо во учичиштата во соработка со Интернационалната Џудо Федерација.
За Олипијадата во Париз, дали можеме да се надеваме на позначителен успех? (Косово освои златни медали на последните две олимпијади, имаме ли ние шанса за нешто такво)
Македонија имаше претставник во Џудо на двете изминати Олимпијади. Во Рио 2016 настапи Катерина Николоска, а во Токио 2020 Арбреша Реџепи. За Париз 2024 очекуваме од Македонскиот олиписки комитет да добиеме олимписка стипендија, нашата федерација веќе има поднесено апликација и доколку добиеме и секако со подршка од ЏФМ ќе се потрудиме некој од нашите репрезентативци да обезбеди норма и за Париз. Но овој пат и очекувањата ни се секако да забележиме и поголем спортски успех и на едно големо светско натпреварување како што е Олимпијадата.
Имате ли совет и порака за младите, како поранешен џудо борец, а сегашен спортски директор на федерацијата?
Мој совет до младите е да веруваат во себе, да бидат истрајни, напорно да тренираат и да не се откажуваат од своите соништа. Само така ќе дојдат до големи постигнувања.