Легендарниот кошаркар на Бостон и најтрофејниот шампион во НБА, Бил Расел (87), на аукција го продаде дресот што го носеше на последниот меч за Селтикси.
Бројката е вистинска ситница, само 1,1 милион долари!
Настанот бил одржан во домашната арена на Бостон Селтикс – „Ти Ди Гарден“. Аукцијата била одржана под раководство на аукциониот дом Hunt Auctions, специјализиран за организирање настани со ретро спорт .
Расел, кој во кариерата освои дури 11 НБА прстени, на аукција стави 704 предмети од својaта играчка кариера, вклучувајќи го и првиот и последниот шампионски прстен. Вкупните собрани пари се неверојатни: 7,4 милиони долари.
За првиот прстен доби 705 илјади долари, за последниот 558.125 долари, а продаде и златен медал од Олимписките игри во 1956 година и за него доби 587.500. Тој исто така ги продаде своите пет МВП награди и за нив доби 1,3 милиони долари.
Причината за оваа аукција беше секако хуманитарна, Расел најави дека средствата ќе бидат донирани во добротворни цели, а дел ќе бидат наменети за организацијата Ментор и Бостонската организација за социјална правда, која се бори против расната неправда и социјалната нееднаквост во поширокото подрачје на Бостон .
По повод оваа аукција се огласи уште еден легендарен НБА центар Шекил О’Нил.
– Би сакал да купам некои од тие работи. Посакувам да ги имам сите 11 шампионски прстени на Бил Расел. Никој не може да понуди повеќе од мене – изјави поранешниот центар, меѓу другите на Орландо Меџик и Лос Анџелес Лејкерс.
Во согласност со практиката на неговата компанија, организаторот не смеел да открие дали токму О’Нил бил гордиот купувач на дресот на Расел.