Кошаркарите на Олимпија Милано постигнаа уште едно голема победа, овојпат на гости во Истанбул кај Фенербахче во 12. коло од Евро лигата со 85-91.

Италијанската екипа оствариз третиот триумф во низа и сега со учинок од 6 победи и 6 порази се наоѓа на средината на табелата. Фенербахче ја прекина серијата од шест победи и сега со скор 9-3 е на делба на првото место со годинешниот хит на ЕЛ, на нашиот Шортс, екипата на Париз.

Лидер на гостите беше Никола Миротиќ со 29 поени и девет скока, а уште еден одличен настап во дресот на Армани Олимпија, имаше македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ. Плејмејкерот, и покрај повредата на средбата со Литванија пред неколку дена, беше меѓу најдобрите поединци во својот тим. Нено натпреварот го заврши со 15 поени (трет стрелец), два скока и четири асистенции, за помалку од 19 минути игра.

Во тимот на Фенербахче се истакна Болдвин со 19 поени, три помалку имаше Загарс, а Биберовиќ постигна 15 поени.