Светската фудбалска асоцијација ФИФА ги објави кандидатите номинирани за наградата „Пушкаш“ за најубав гол на годината, а одбрани се 11 супер голови, кој од кој поубав и кои ќе ве остават без здив.
Некои од головите се познати за пошироката јавност, како ножичките а-ла Кристијано Роналдо на аргентинецот Гарначо од Манчестер Јунајтед, или голот од 50 метри на италијанецот Димарко од Интер, но има и многу спектакуларни голови кои сигурно за првпат ќе ги видите и ќе потврдите дека заслужено се наоѓаат во конкуренција за најубавиот гол на г,одината.