Сигурно еден од најинтересните мечеви сезонава беше помеѓу старите ривали Мајами Хит и Далас Маверикс, а Лука Дончиќ не можеше сам против многу разиграните Хитс кои одлично влегоа во сезоната и се искачија на сооднос 6-1.

Жешките славеа со 125:110, а самиот поглед на статистиката кажува се. Мајами имаше четворица играчи со повеќе од 20 поени, но никој со повеќе од 25 колку што постигна Тајлер Херо, додека Далас го имаше само Дончиќ со 33 поени и Џејлен Брунсон со 25 поени.

И покрај тоа што беа покосени од повреди и отсуства, Милвоки Бакс сепак успеаја да „закрпат“ тим што е доволно добар за да ги победи Детроит Пистонс со убедливи 117-89. Пистонс не се дораснати во лигата оваа сезона, а нивната главна цел очигледно ќе биде да го добијат првиот пик на драфтот.

Кејд Канингем повторно се мачеше во нападот, стрелајќи само 2/14 за шест поени со очајни 0/9 за тројка во вториот настап. Пистонс затоа ги предводеше Џерами Грант со 21 поен, но тој остана осамен. За Бакс, Јанис Антетокунмпо постигна 28 поени со осум скока и девет асистенции.

Лос Анџелес Лејкерс успеаја да ја забележат петтата победа сезонава и да останат над соодносот половина. Во „Стејплс центарот“, Хјустон Рокетс падна, пружајќи добар отпор, но мораше да потпише пораз од 119-117.

Хјустон имаше водство во првото полувреме кое се искачи на 11 поени, но Леброн Џејмс и Расел Вестбрук ги предводеа Лејкерси до пресврт и тесна победа.  Хјустон имаше шут за победа но Кевин Портер Џуниор. не постигна тројка и шанса за Хјустон веднаш да се реваншира за поразот од истиот ривал пред два дена.

Џејмс постигна 30 поени со десет асистенции, додека Вестбрук против својот поранешен тим имаше 27 поени, девет скока и седум асистенции. 27 постигна и Ентони Дејвис, но со девет скока.

На поовичен скор се Феникс Санс кои до победа од 112:100 беа предводени од Крис Пол кој испиша историја. Пол имаше 14 поени и дури 18 асистенции, со што се искачи на третото место во вечната скала. Пеликанс, кој остана на една очајна победа, ги предводеше Јонас Валанчиунас со 23 поени и 14 скока.

Јута го совлада Сакраменто со 119:113 , предводена од извонредните Донован Мичел со 36 и Мајк Конли со 30 поени .

НБА:

Јута – Сакраменто 119:113
Детроит – Милвоки 89: 117
Далас – Мајами 110: 125
Феникс – Њу Орлеанс 112:100
ЛА Лејкерс – Хјустон 119: 117