Заврши сезоната во американската професионална безбол лига МЛБ, а шампиони се Атланта Брејвс. Титулата ја освоија со 4-2 во серијата против Хјустон и станаа шампиони по 26 години .
Атланта Брејвс е новиот победник на главната американска професионална безбол лига – МЛБ, а до четвртата титула безбол шампиони стигнаа во шестиот натпревар од финалната серија против Хјустон Астрос, совладувајќи ги како гости со 7-0.
Атланта последен пат го освои шампионатот во 1995 година, и со 16 последователни настапи во плејофот без освоен трофеј, Храбрите беа тимот со најдолга низа неуспешни обиди да стигнат до Комесарскиот трофеј доделен на победникот од светската серија.
Она што не успеаја во петтиот натпревар пред своите навивачи, играчите на Атланта го направија на Минут Меид Парк во Хјустон, каде домашните Астрос влегоа како фаворити, не само во шестиот натпревар, туку и да го повторат триумфот од 2017 година.
За разлика од петтиот меч, кога поведоа со 4-0 со „гранслемот“ во првиот ининг, и на крајот загубија со 10-5, „Храбрите“ целосно ги надиграа Астрос во шестиот меч.
Поведоа во третата измена, кога Кубанецот Хорхе Солер ја испрати топката надвор од стадионот за водство од 3-0. Денсби Свонсон, исто така освои хомерун за водство на „Храбрите“ од 5-0, а Фреди Фримен ги оствари последните два ,,рана”.
Почетниот фрлач Макс Фрид им дозволи на само четворица напаѓачи на Астрос да стигнат до првата база во шест ининги, оставајќи ја домашната екипа без ниту една серија во мечот во кој тие имаа можност да ја продолжат последната серија на одлучувачки седми натпревар, кој исто така ќе биде играше во Хјустон.
Астрос беа трипати во финалето во последните пет сезони, но само еднаш излегоа како победници, кога ги победија Лос Анџелес Доџерс со 4-3 во 2017 година и загубија од Вашингтон Нејшналс во 2019 година.
За најдобар играч во финалната серија беше прогласен Хорхе Солер, кој постигна три ,,хомерун” во шест натпревари од светската серија.