Кошаркарите на Бруклин нетс во драматичен меч, како гости, излегоа како победници во синоќешната пресметка против Вашингтон визардс (119-118), во меч кој донесе големи контроверзи во финишот, по вина на помошникот тренер на „мрежичките“.

Асистентот Дејвид Вантерпул во моментите кога се кршеше резултатот во последната четвртина, ја прекина акцијата на противникот со пресечено додавање во негова близина, а зачудувачки судиите останаа неми односно воопшто не реагираа.

https://twitter.com/NBCSWizards/status/1483987790236954624?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1483987790236954624%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Fkosharka%2Fnba%2Fcirkus-trenerot-na-bruklin-preseche-dodavanje-na-protivnikot-sudiite-ostanaa-nemi-video

Кузма не можеше да поверува и веднаш направи прекршок за да ја прекине акцијата на гостите, но судиите не ја прегледаа претходната ситуација и топката остана за Бруклин. Оваа судиска неправда ги разочара членовите на Вашингтон, кои на крајот претрпеа и болен пораз од еден поен разлика.